29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи ќе даде 90 милиони евра за Погба!?

Челзи ќе даде 90 милиони евра за Погба!?

pogba

Еден од најдобрите фудбалери на Јувентус, Пол Погба, предизвика голем интерес на многу клубови, пред се од Англија.

Лутите ривали од Манчестер, Челзи, Арсенал, се само некои од клубовите кои го посакуваат францускиот репрезентативец кој настапува во редовите на „старата дама“.

А како Погба има повеќе од успешна сезона во Јувентус, но и во дресот на француската репрезентација, тоа не е ни чудно.

Луис ван Гал го сакаше Погба летово, но до трансфер не дојде. Сепак Јунајтед не отстапува, и понатаму е заинтересиран Погба да се врати на „Олд Трафорд“.

Во трката се вклучи и тренерот на првопласираната екипа од Премиерлигата, Жозе Мурињо, а првиот човек на Челзи, Роман Абрамовиќ е подготвен да плати 90 милиони евра.

Каде 21-годишниот среден играч ќе ја продолжи кариерата во моментов никој не знае, но има понуди тоа е сигурно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП