20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИТаблетот Huawei Honor T1 пристигнува во Европа

Таблетот Huawei Honor T1 пристигнува во Европа

honor 1 t1

Во последниот ден од септември дадовме детален опис што ќе има новиот таблет „Honor T1“ на кој се потпишува кинескиот производител „Huawei“. За да не се повторуваме, ќе ги споменеме само најважните спецификации на таблетот „Honor T1“.

Значи, станува збор за таблет со „IPS“ екран со големина од 8-инчи и резолуција од 1280×800 пиксели кој го има процесорот „Qualcomm Snapdragon 200 SoC“ со четири јадра и такт од 1,2 GHz. „Honor T1“ има вкупно 1 GB RAM, како и 8 GB интерна меморија која лесно може да се прошири за дополнителни 32 GB со помош на „microSD“ мемориска картичка.

„Honor T1“ има и поддршка за „3G“ мрежата, па љубителите на фаблети можат да го користат и како поголем телефон. Една од добрите страни на овој таблет секако е и алиминиумското куќиште, како и неговата батерија со капацитет од 4.800 mAh, која според најновите податоци е во состојба во подготвеност да издржи дури 20 дена, односно 480 часа.

За жал, „Honor T1“ доаѓа со постарата верзија на „Android – Jelly Bean 4.3.“, а засега нема информации дали ќе добие надоградба на најновата верзија.

„Honor T1“ на почетокот беше најавен само за малезискиот пазар, меѓутоа до крајот на овој месец, односно до крајот на оваа година би требало да пристигне на европскиот пазар по цена од 129 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП