25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКинеските работници кои го прават iPhone паѓаат од замор по 12 часовната...

Кинеските работници кои го прават iPhone паѓаат од замор по 12 часовната работа (видео)

rabotnici apple 53

Иако „Apple“ вети дека ќе ги заштити работниците кои ги составуваат производите на компанијата, најновото видео на „BBC“ ја покажува суровата реалноста на ескплоатацијата.

Краткиот филм во тајност е снимен во фабриката Пегатрон во околината на Шангај и ги прикажува работниците на производната линија на „iPhonea 6“ кои работат во смени од 12 до 16 часа, а скриениот новинар на „BBC“ работел 18 дена по ред и покрај тоа што барал слободен ден.

Другиот новинар од замор неможел ниту да јаде – секој момент на одмор го користел да се одмори од стресот, а филмот на „BBC“ токму тоа го прикажува: работници кои за време на работа од преголемиот замор паѓаат во сон.

Катастрофалните услови за работа во кинеските фабрики за прв пат беа истражувани пред четири години, кога 14 работници на „Foxconn“ (најголемиот снабдувач на „Apple“) извршија самоубиство, а „Apple“ денеска тврди дека превзема се за да ги заштити работниците во фабриките.

Ова видео и тоа како ги демантира:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП