19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед има план „Б“ за штопер?

Јунајтед има план „Б“ за штопер?

otamendi 35

Матс Хумелс е првиот избор на Луис ван Гал, но постои и алтернатива која не е многу поевтина.

Станува збор за Николас Отаменди, Аргентинецот кој настапува во дресот на Валенсија.

Според пишувањето на „Експрес“, Јунајтед ќе се обиде во јануари да го доведе Хумелс, но доколку на десет дена пред крајот на преодниот рок не успеат во намерата, ќе се насочат кон Отаменди.

Весникот наведува некои нереални суми, но според информациите од шпанските медиуми, Отаменди вреди околу 25 милиони евра, односно нешто помалку од капитенот на Дортмунд.

Валенсија најверојатно би го продала за таа сума, но само доколку успеат од Марсеј да го доведат талентираниот Баризлец, Дориа.

Отаменди претходно играше за Порто, а во минатото исто така го поврзуваа со Јунајтед, но и со Барселона.

Тој има 26 години, а во последно време стандардно добива повик за настап во аргентинската репрезентација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП