19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДецата на претседателот на Samsung, полека ја преземаат компанијата

Децата на претседателот на Samsung, полека ја преземаат компанијата

samsnung slika

Планот за пренесување на моќта од сегашниот претседател на „Samsung“, Ли Кун-Хи на неговите деца овие денови добива се повеќе видливи контури.

Акциите на компанијата „Cheil Industries“, која де факто фигурира како холдинг компанија на целиот конгломерат „Samsung“ од средата котира на берзата во Сеул и веќе во првиот ден од тргувањето двојно ја зголеми својата вредност.

Компанијата така веднаш стана 14-тата највредна компанија внатре во корејскиот „KOSPI“ индекс со берзанска вредност од приближно 14 милијарди долари. Во „IPO“ беа собрани 1.4 милијарди долари означувајќи го со тоа најголемиот корејски „IPO“ во последните четири години.

Во „Cheil“ 42 oтсто удел имаат претседателот на „Samsung“, Ли Кун-Хи и неговите три деца – синот Џеј Ј. Ли, како и ќерките Ли Бо-Џин и Ли Сео-Хјун.

По првиот ден од тргувањето, уделот кој го држи семејството Ли вреди пет милијарди долари и според мислењето на тамошните аналитичари, „Cheil Industries“ ќе биде главно средство за помош со која потомците на сегашниот претседател ќе ја задржат контролата над целиот „Samsung“.

„Постојат цела низа на сценарија за крајниот резултат, но уделот на семејството во „Cheil“ е една од неколкуте карти кои можат да се одиграат за да се зајакне контролата над ограноците, како што е „Samsung Electronics“. Се очекува дека вредноста на „Cheil“ со текот на времето ќе расте“, вели за „Reuters“, Ким Џон-Соп, аналитичари на сеулската брокерска куќа „E-Trade Korea“.

Аналитичарите шпекулираат дека децата подоцна ќе продадат дел од акциите во „Cheil“, за да го платат данокот за наследството од шест милијарди долари. Влошувањето на здравствената состојба на претседателот Ли Кун-Хи го забрза процесот за поедноставување на сегашната, значително комплицирана сопственичка структура внатре во конгломератот. Веќе по објавената вест за нарушеното здравје на претседателот, како наследник на семејниот бизнис многумина го видоа потпретседателот на „Samsung Electronics“, Џеј Ј. Ли кој е и прв човек на „Cheil“.

„Samsung“ досега продаде удели во четири ограноци, но најважната консолидација, сепак наиде на препреки. Потсетуваме, соединувањето на бродоградилиштето „Samsung Heavy Industries“ и индустрискиот гигант „Samsung Engineering“ беше стопирано поради големиот отпор од страна на акционерите, кои во тој процес видоа штета на нивните интереси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП