19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕ„Liberty“ - Традиционална луксузна вила во Италија (фото)

„Liberty“ – Традиционална луксузна вила во Италија (фото)

poo1

Сместена во малиот италијански град Варезе, на 30 км од Милано, вилата „Liberty“ престставува навистина шармантен имот…

Изградена во текот на 1920-тите, оваа вила и понатака е во одлична состојба и поседува оригинални „Art Nouveau“ завршни детали како и материјали од високата класа како мермер и квалитетно дрво. Нуди околу 800 метри квадратни животен простор, поделен на приземје кое може да биде опремено како прекрасен салон, во близина на пространата дневна соба, трепезарија, работна соба, кујна и бања, првиот спрат е со четири големи спални соби и две бањи, вториот спрат со две спални соби, две мултифункционални соби и тераса. Исто така, оваа вила има и подрумска единица која има околу 400 квадратни метри, гаража и пространа приватна градина.

Благодарение на својата локација во мирниот дел на северна Италија и релативната близина со големите градови во регионот Ломбардија, вилата „Liberty“ е идеално место за живот, но и идеална за деловен простор или изложбен салон за професионалци. Достапна е за купување по цена од 2,2 милиони долари.

poo2

poo3

poo4

poo5

poo6

poo7

poo8

poo9

poo10

poo11

poo12

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП