24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕвропскиот Shelby Cobra (фото+видео)

Европскиот Shelby Cobra (фото+видео)

puritalia1

Италијанскиот производител „Puritalia Automobili“ својот кабриолет „Puritalia 427“ го најави уште во јули 2012-та година, потоа во почетокот на оваа година објавија некои нови детали и фотографии од моделот кој е подготвен за производство.

Сега пред нас е и првиот направен примерок кој пред неколку дена беше промовиран на приватен настан во Италија.

puritalia2

Дизајнот е инспириран од легендарниот „Shelby Cobrа“, додека за погонот се грижи 5.0-литарски „V8“ мотор во две верзии: послабата развива 445KS при 6500 o/min и 530 Nm при 4250 o/min, а помоќната верзија има 605KS при 7000 o/min и 640 Nm при 4500 o/min.

Притоа, тежината на автомобилот изнесува 1090 kg, додека распоредот на тежината е 50:50. Треба да се напомене дека како менувач се користи шестстепен мануелен.

Овој двосед со заден погон е долг 435 cm, широк 195 cm, висок 125 cm, а меѓуосовинското растојание изнесува 260 cm.

Тркалата се од 19 и 20 инчи (гуми Pirelli PZero 275/35R19 напред и 335/30R20 позади), a зa сопирање на возилото се грижат „Brembo“ сопирачките (дискови 380 mm напред и 345 mm позади).

Puritalia 427“ ќе се произведува рачно и тоа во многу мал број на примероци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП