28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул ќе понуди 50 милиони за Бензема

Ливерпул ќе понуди 50 милиони за Бензема

benzema 54

Раководството на Ливерпул ќе стори се за да привлече квалитетен централен напаѓач во зимскиот трансфер прозорец и на тој начин да го реши еден од најголемите проблеми на тимот од почетокот на сезоната.

Според „Дејли експрес“, „црвените“ подготвуваат понуда од 50 милиони фунти за напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема. Весникот го цитира шпанскиот новинар Мануел Естебан, кој тврди дека ако на „Сантијаго Бернабеу“ добијат стабилна понуда за Французинот, нема да се двоумат да го пуштат.

Од своја страна во Реал сакаат да ги соберат заедно Кристијано Роналдо, Марко Ројс и Серхио Агуеро и во наредните месеци ќе работат на реализација на оваа цел.

Проблемите во нападот на Ливерпул од почетокот на сезоната се доста сериозни. Даниел Стариџ има само три натпревари и од крајот на август е повреден, додека Марио Балотели, Рики Ламберт и Фабио Борини не се претстават убедливо. Поради оваа причина во последните два натпревари на Ливерпул, Рахим Стерлинг започнуваше во врвот на нападот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП