25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИИ Microsoft влегува во VR трката

И Microsoft влегува во VR трката

vitruelna realnost 24

По повеќе од две децении соништа за достапната виртуелна реалност, најверојатно револуцијата е на хоризонтот, а во „VR“ трката, по компаниите „Oculus“ (Rift), „Sony“ (Morpheus), „Samsung“ (Gear VR), па дури и „Google“ (Cardboard), се вклучува и „Microsoft“.

DigiTimes“ пишува за тоа дека на тимот кој стои зад „Microsoft Surface“ му е доделена нова задача, која подразбира развој и изработка на „уред за виртуелно гледање, кое треба да се носи на глава“.

Не е познато колку се работи на проектот, но се претпоставува дека се подготвува за следниот „E3“ (јуни 2015-та) на кој ќе ги вкрстат копјата со ривалскиот проект „Morpheus“ од „кујната“ на „Playstation“.

Со оглед на тоа дека „Xbox“ контролерите стануваат вообичаени преферирања за „PC“, како и за најавуваното отворање на двонасочниот премин меѓу „PC“ и „Xbox“ екосистемите (Windows 10), веројатно уредот ќе биде достапен и за гејмерите кои не се поврзани за конзолата на „Microsoft“.

Новата „Elita“, најавениот „Star Citizen“ и „No Man’s Sky“ ги вратија вселенските симулации на сцена, а ако во догледен рок пристигне и удобен, евтин и ефектен „VR“, ќе биде ова добра година за гејминг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП