20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПоради падот на рубљата автомобилските компании ја стопираа продажбата

Поради падот на рубљата автомобилските компании ја стопираа продажбата

 

koli moli 324

Излегува дека најновиот пад на вредноста на рубљата беше толку штетен по профитот на странските производители на автомобили, па некои од нив привремено ја стопираа продажбата во Русија.

„General Motors“ (GM), кој во Русија има и свои производни погони, во половината на декември одлучи привремено да не ги прима уплатите на купувачите, со цел да го намали ризикот во работењето и загубите.

Во ова компанија велат дека возилата од марките „Chevrolet“, „Opel“ и „Cadillac“ кои претходно биле платени, ќе бидат испорачани по договорената цена. Од „GM“ се уште незнаат кога ќе продолжат со продажбата во Русија.

Во исто време, „Audi“ исто така ја стопираше продажбата на автомобили, додека производството во локалната фабрика во градот Калуга ќе биде прекината во периодот од 22-ри декември до 12-ти јануари, но поради новогодишните и божиќните празници.

Портпаролот на „Audi“ во Русија изјави дека продажбата ќе продолжи кога ќе се формира новиот ценовник.

Од друга страна, автомобилите на брендот „Volkswagen“ и натаму можат да се купуваат без проблем, но германскиот производител соопшти дека многу се загрижени поради моменталната ситуација на рускиот пазар.

„Jaguar Land Rover“, кој е во сопственост на индиската компанија „Tata Motors“, ќе ја стопира продажбата во Русија од денеска (19-ти декември), а причината е моменталната економска состојба во оваа земја.

„Toyota“ засега нема во план да прекине со продажбата, но беше принудена да ги корегира цените со цел да се прилагоди со актуелните услови за работење, соопштија од оваа компанија.

Рубљата од јуни 2014-та девалвираше за повеќе од 40 проценти, што влијаеше и на работењето на странските авто-компании. Се проценува дека „BMW“ само во последниот квартал од годината ќе забележи загуба меѓу 100 и 150 милиони евра, ако падот на руската валута достигне 50%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП