25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВенгер повторно ќе купува од Барселона

Венгер повторно ќе купува од Барселона

pedro 23

Со Алексис Санчез успеа, следното големо засилување на „Професорот“ би можело да пристигне повторно од клубот со кој најмногу тргува!

И самите знаете дека Барселона го „изгради“ половина од стадионот на Арсенал купувајќи ги играчите на Венгер. Ретко кој понудил партии како меѓу „топџиите“, а оние кои беа платени најмногу, повеќето разочараа.

Дел од парите Французинот ги врати минатото лето, кувајќи го Алексис Санчез, и тоа се покажа како одличен потег. Чилеанецот без дилеми е најдобриот играч на Арсенал во оваа сезона, а Венгер најверојатно го пронајде рецептот.

Сега тој го посакува Педро и подготвен е за шпанскиот репрезентативец да плати околу 30 милиони евра.

Се шпекулира дека Барса ќе се согласи и чекаат да им се тргне забраната за трансфери, па наредното лето да можат да го доведат Ројс од Дортмунд, а потребни им се пари за да доведат и нов десен бек.

Самиот Педро не е задоволен, ретко добива шанса, а ако пристигне германскиот репрезентативец, можностите за настап ќе бидат дополнително поретки. Практично, кога играат Суарез, Меси и Нејмар, Педро е резерва, а на почетокот на сезоната шанса добиваше Ел Хадади, кој може да игра кај двете аут линии.

Поради тоа иднината на Педро не делува добро, па иако го продолжи договорот со Барса, без проблем ќе ја прифати понудата на Арсенал.

Тоа што останува како прашање е дали Венгер, покрај офанзивец ќе купува некој дефанзивецили играч од средниот ред, затоа што повеќето сметаат дека тоа со години е најголем проблем за „Професорот“ и неговите „топџии“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП