29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРА5 начини како младите луѓе успешно да водат компанија

5 начини како младите луѓе успешно да водат компанија

Small-Business-Tips-from-a-Successful-Entrepreneur-1-600x330

Џон Бренан е млад претприемач кој на 20 години го основа стартапот „BuzzTable“, за потоа да го продаде и заработи неколку милиони долари, пишува Бизнис Инсајдер.

Бренан во 20-тите години од животот научил многу за работењето и со своите совети сака да им помогне на младите претприемачи кои штотуку се движат во бизнис светот

Ова се неговите совети:

1. Задржете го балансот

Премногу работа, а малку одмор и забава често води до „прегорување“. Запомнете дека водењето на компанијата е маратон, а не спринт трка и затоа на неколку месеци треба да го почастите вашиот тим со заедничко патување, рекреација, или пак тимско натпреварување или забава каде луѓето активно и пасивно ќе се дружат.

2. Вработете луѓе со различни перспективи

Најдобрите производи се резултат на идеи од луѓе со различни перспективи. Ако во тимот имате луѓе кои размислуваат исто, би можело да се случи крајниот производ да биде монотон и неинтересен. Затоа мудро бирајте ги луѓето во вашиот тим

3. Бидете искрени кон себе и предизвиците кои ве очекуваат

Одвоете некое време и добро размислете каде вашата компанија ќе биде за шест месеци. Кога во овој случај ќе станете искрени кон себе, ќе можете да создадете цврст план за делување.

4. Често кажувајте НЕ

Производот се валоризира според тоа како и со што сте го направиле, но исто така и според она што не сте го користеле. Поради тоа многу е важно да кажете НЕ со цел финалниот производ да биде изработен на најдобар начин.

5. Поставете цели

За разлика од другите постоечки компании чии цели се најчесто врзани со приходите, стартапите на почетокот често немаат никаква заработка, па поставувањето на целите може да биде „замаглено“. Поради тоа е важно да најдете извор на приходи, но и добро да го усогласите со сопствените извори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП