25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНа интернет има повеќе „ботови“, отколку луѓе!

На интернет има повеќе „ботови“, отколку луѓе!

botovi luge

На никого не му е јасно како автоматизираниот код – познат како „бот“, започна да го превзема интернетот.

Денеска „ботовите“ учествуваат во околу 56 отсто од интернет сообраќајот, објаснува Марк Гарфан, извршниот директор на компанијата „Incapsula“, која се занимава со безбедноста на интернетот. Оваа компанијата неодамна објави анализа според која и на помалите интернет страни активноста на „ботовите“ е дури и до 80 проценти. Луѓето ги користат „ботовите“ со цел да купуваат опрема во „онлајн“ продавниците, или дури да направат најдобри резервации.

Така минатиот месец бендот „Foo Fighters“ продавал карти за претстојната турнеја исклучиво во вистински благајни, само за да стават крај на „ботовите“.

Еден дел од тие „ботови“ се малициозни, можат да рушат страни, преплавуваат со коментари кои се „спамови“ или користат содржини на страните без претходна авторизација.

Гафан вели дека околу 20 проценти од сообраќајот на интернет доаѓа од овие „ботови“.

Во последно време тие станаа многу софистицирани. Дури го имитираат „Google“ или функционираат во вистинските пребарувачи на хакирани компјутери. Успеваат да „решат“ и „captch“ загатки.

Покрај порастот на бројот на овие лоши „ботови“, постојат и некои добри вести. На пример, вкупниот процент на сообраќај на интернет кој го оствариле „ботовите“, всушност е помал во оваа, отколку во 2013-та година и тоа за околу 4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП