20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEFSE заемот за ХАЛКБАНК го олеснува пристапот до кредити

EFSE заемот за ХАЛКБАНК го олеснува пристапот до кредити

halkbank

Нова долгорочна кредитна линија од 10 милиони евра  ќе обезбеди финансирање на микро и малите претпријатија, како и финансирање за подобрување на домувањето.

Европскиот фонд за Југоситочна Европа ( EFSE) додели заем од 10 милиони евра на Халкбанк АД Скопје (Халкбанк) за поддршка на  секторот за домување како и за микро и малите претпријатија (ММП) во Македонија.

Кредитот ја зајакнува способноста на Халкбанк да понуди соодветно структуирани кредитни производи за домување наменети за  население, како и да обезбеди долгорочни инвестициски кредити кои ќе одговараат на финансиските потреби на микро и малите  претпријатија. Соработката помеѓу Халкбанк и EFSE датира од 2006 година; во тоа време Фондот обезбеди финансиски средства за кредитирање на домаќинства со ниски приходи, како и микро и мали претпријатија и ја поддржа стратегијата на Халкбанк кон овие сегменти од пазарот.

„Халкбанк се покажа како сигурен партнер во текот на годините и е многу ефикасна во канализирање на финансирањето предвидено за поддршка на целните групи на  EFSE“- вели Моника Бек, Претседател на Управниот одбор на  EFSE. „ Ние се надеваме дека и понатаму ќе продолжи оваа плодна соработка во корист на микро и малите претпријатија и домаќинствата со ниски приходи во Македонија“.

Ние сме среќни што го зајакнуваме нашето партнерство со EFSE што пак ќе даде резултат на  зголемување на вредноста на микро и малите претпријатија како и домаќинствата со ниски приходи во Македонија. Високата стапка на искористеност на ова финансирање, исто така, укажува на потребата од таквите заеми“ вели Неџдет Палакчи, Извршен директор на Халкбанк АД Скопје. „EFSE и Халкбанк прават огромни разлики помагајќи им на микро и малите претпријатија како и на домаќинствата со ниски примања во Македонија, а истовремено придонесуваат и кон македонската економија“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП