19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Ѓаволите“ подготвија 20 милиони фунти за Миранда!

„Ѓаволите“ подготвија 20 милиони фунти за Миранда!

miranda atleti

Проблемите со повредите во одбраната на Манчестер Јунајтед не престануваат, Ван Гал веќе во јануари сигурно ќе доведе еден дефанзивец, а прв избор е Миранда од Атлетико Мадрид.

Миранда летоска беше многу блиску до Челзи, но неговиот сегашен клуб несакаше да го пуши ни за фунта помалку од 24-те милиони, колку што изнесува неговата откупна клаузула.

Сепак, повредата на Бразилецот беше можност за Уругваецот Хименез да ги покаже своите квалитети, и младиот штопер засега е иднината на Симеоне.

Миранда повеќе не е незаменлив, имајќи во предвид дека Бразилецот има 30 години, можно е Атлетико да го пушти да си замине во јануари.

Ван Гал во него гледа човек кој ќе ја стабилизира одбраната во овој преоден период, додека се гради новиот Јунајтед и поради тоа нема да жалат пари за да го доведат.

Јунајтед најверојатно ќе испрати понуда „тешка“ 20 милиони фунти, иако таа е пониска од откупната клаузула која постои во договорот на Миранда, се верува дека променетите околности ќе доведат до тоа Атлетико, сепак да ја прифати оваа понуда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП