23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗOpel произведе пет милиони автомобили во Британија (фото+видео)

Opel произведе пет милиони автомобили во Британија (фото+видео)

opel 5 milioni

„Vauxhall“ или „Opel“, можете да го нарекувате како што сакате, само нема сомневање дека овој производител на автомобили е еден од најуспешните во светот, а неодамнешната јубулејна бројка само тоа дополнително го потврдува.

„Vauxhall“ е британски производител на автомобили кој буквално служи како „сестринска“ компанија на германски „Opel“. Во фабриката која е стара точно 50 години, неодамна беше произведен петмилионитиот примерок на еден „Vauxhall/Opel“ модел.

opel 5 milioni2

Компанијата која има седиште во градот Лутон, започна со производство на автомобили уште во 1964-та кога се појавија првите модели „Viva“ и „Chevette“. Моментално од нивните производни ленти излегува последната генерација на моделот „Astra“.

Годишно во просек се произведуваат 100.000 автомобили во оваа фабрика, благодарејќи на 1.800-те работници кои компанијата ги има вработено.

Оваа бројка значи дека секои две минути од производната лента излегува еден автомобил кој е подготвен да биде предаден на купувачот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП