29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИТоа што го претстави Facebook ќе ве воодушеви! (видео)

Тоа што го претстави Facebook ќе ве воодушеви! (видео)

A smartphone user shows the Facebook application on his phone in Zenica, in this photo illustration

Голем број на луѓе фотографиите на „Facebook“ ги објавуваат по пат на мобилни апликации. Поради таа причина, најпопуларната мрежа на светот реши во својата апликација за паметни телефони да ја додаде опцијата за автоматско подобрување на фотографиите, пред корисниците да ги објават на своите профили.

Oд денеска оваа опција, која автоматски го подесува осветлувањето, сенките и острината на фотографијата, достапна е за сите „iOS“ корисници.

Вие исто така можете да го прилагодите нивото на подобрување, или во целост да го исклучите доколку не ви се допаѓа конечниот изглед на фотографијата која сакате да ја објавите на „Facebook“.

Целата приказна звучи познато, затоа што таа можност „Google“ ја вметна во „Google+“ уште минатата година.

Автоматското подобрување на фотографиите на „Facebook“ ќе биде достапно и за корисниците на „Android“, но се уште не е познато кога точно, додека се уште не е извесно дали корисниците на „Windows Phone“ ќе имаат можност да го тестираат овој новитет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП