20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТака е во Германија: Ројс ќе плаќа над половина милион евра за...

Така е во Германија: Ројс ќе плаќа над половина милион евра за возење без дозвола

marko tazen!

Сериозни проблеми има ѕвездата на Борусија Дортмунд Марко Ројс. Германскиот репрезентативец е меѓу најдобрите на теренот, но се чини дека на патот работите не стојат на тој начин.

Излегува дека Ројс често возел без возачка дозвола, а во Германија тоа не поминува лесно. Поради своите примања Ројс ќе треба да плати импресивната сума од 540.000 евра.

„Ова е глупост“, изјави играчот за „Билд“. Меѓу септември 2011-та и март 2014-та, Ројс возел без дозвола минимум 6 пати, што е еквивалентно на 90 дена општествено корисна работа или 540 илјади евра парична казна.

Всушност Ројс никогаш не го поминал тестот за способност да вози автомобил.

„Тогаш за жал решив да тргнам по тој пат. Сега сам не можам да ги разберам причините“, вели Ројс.

marko so kola35

Според изданието, Ројс заработил и десетина казни за брзо возење.

„Ја научив лекцијата. Такво нешто не може да ми се случи повторно“, тврди играчот на Борусија.

Огромната сума за Ројс се утврдува на база на неговата плата, бидејќи 90-те одредени денови се сметаат при месечни приходи од 180 илјади евра нето. Со оглед на тоа дека Ројс нема сопруга ниту деца и дека е богат, неговата казна е енормна висока.

„Денес знам! Во оваа ситуација бев премногу наивен“, вели Ројс.

Сега пред Ројс претстои конечно да се запише на курс и да ги помине тестовите за возачка дозвола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП