25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАССК побарала пролонгирање на задолжницата од технички причини

ССК побарала пролонгирање на задолжницата од технички причини

Untitled

Побаравме пролонгирање на примената на задолжницата затоа што законот имаше доста технички аномалии, односно работи кои што немаше да бидат во можност да се спроведат, изјави денеска заменик­ претседателот на Сојузот на стопански комори Сеад Кочан.

Одговарајќи на новинарско прашање, Кочан рече дека се во постојан контакт со институциите и оти работат на тоа да направат солиден предлог којшто ќе му го понудат на Министерството за финансии.

Министерството за финансии е на став дека треба да има задолжителна задолжница.

Мислењето на мнозинството компании е да не се воведува задолжителна задолжница, меѓутоа и доколку се воведе, тогаш таа мора да биде прилагодена да не му наштети на секојдневното работење на компаниите, истакна Кочан.

Тој додаде дека ќе бараат наместо 300 илјади денари, прагот за кој ќе треба да се издава задолжницата, да биде повисок.

Задолжницата требаше да се воведе од 1 јануари и таа требаше да важи за склучените договори повисоки од 300 илјади денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП