25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИElephone P5000, кралот на капацитетот!

Elephone P5000, кралот на капацитетот!

elephone p5000 24

Додека некои производители на смартфони меѓу себе се натпреваруваат чиј уред ќе има најтенко куќиште, компанијата како „Elephonе“ повеќе внимание посветува за што подолгата автономија на уредот.

Во прилог на тоа тврдење доаѓа и податокот дека „Elephone“ моментално го развива моделот „P5000“, а кој потребната енергија за работа ќе ја црпи од батеријата со капацитет од 5350 mAh.

Засега тоа најголемиот капацитет на батерија кои досега е вградена во еден смартфон, особено во паметните телефони со димензии од 144x71x9,3 милиметри. За споредба, дебелината на „P5000“ е идентична со онаа на „iPhone 4“. Производителот наведува дека батеријата овозможува и до 4 дена автономија, а кога ќе се испразни до 70% полнење стигнува за само еден час. Дополнително „P5000“ може и да послужи и како мобилен полнач за други уреди.

Што се однесува до останатите карактеристики, „Elephone P5000“ има 5-инчен екран со „FHD“ резолуција од 1920×1080 пиксели и густина од 440 ppi, процесор со осум јадра на „MediaTek“ –  „MT6592 SoC“ со такт од 1,7 GHz, 2 GB RAM и 16 GB интерна меморија. Покрај стандардната поддршка за „Bluetooth“ и „Wi-Fi“, oвој уред поддржува и „NFC“, а опремен е и со сензор за читање на отпечаток на прстот.

Како и повеќето денешни смартфони и „P5000“ доаѓа со две камери – предна со резолуција од 8 MP и задна камера со резолуција од 16 MP. Oперативниот систем кој ќе биде задолжен вградениот хардвер без проблеми да функционира е „Android KitKat 4.4“.

„Elephone P5000“ на пазарот би требало да пристигне во почетокот на 2015-та година, поточно во јануари, по засега непозната цена. На страната на производителот може да се види дека нивните уреди поддржуваат повеќе јазици, т.е. дека може да се испорачаат во сите делови од светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП