29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да се облечете за новогодишната прослава на работа?

Како да се облечете за новогодишната прослава на работа?

6464978154901e53e2c70830419039_orig

Изборот на празнична деловна облека може да биде многу заморен и збунувачки, особено ако станува збор за забава на работното место – а тоа е ретка можност да се истакнете меѓу колегите и да блеснете во полн сјај.

Се надеваме дека овие неколку совети значително ќе ви помогнат да го решите овој проблем.

Обрнете внимание на должината на здолништето. Најдобро би било да се определите за здолниште со А крој кој не е прекраток. Ако не сте сигурни во поглед на должината или имате впечаток дека ќе се чувствувате непријатно во тоа здолниште – не го носете.

Избегнувајте било што секси. Кусите и тесни фустани апсолутно не доаѓаат во предвид бидејќи ризикувате да изгледате евтино и да оставите многу непрофесионален впечаток.

Додадете малку акцент и сјај на својата комбинација. Ако не директно на парчето облека, тогаш на косата, ланчето, ташната итн.

Внесете малку боја во комбинацијата. Тоа не значи дека треба да личите на новогодишна елка, но на пример бордо или темнозелената боја, можат да делуваат многу елегантно.

Облечете задолжително хулахопки доколку носите било што со должина до колена или пократко со цел да изгледате поелегантно и попрофесионално.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП