29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНеочекувани намирници кои ги уништуваат забите

Неочекувани намирници кои ги уништуваат забите

zabi1

Нема личност која не сака блескава насмевка, но некој намирници „тајно“ ја менуваат бојата на нашите заби.

За да се намали нивното лошо влијание потребно е да ги препознаеме и умерено да ги консумираме, но и по консумирањето веднаш да ги измиеме забите.

Ова се виновниците кои влијаат на промената на бојата на нашите заби:

Крекери. Кој би помислил дека крекерите се меѓу топ виновниците кои ги бојат забите? Многу крекери се произведени од рафинирани јаглехидрати, кои се претвораат во шеќер и така стануваат извор на храна за бактериите кои ја менуваат бојата на забите.

Балсамико оцет. Обоениот течен зачин полн со киселина, која го додаваме во јадењата и салатите, за жал негативно влијае на белите заби. За да го намалите штетното дејство, обидете се да ја намалите и количината.

Кисели краставички. Ова е лоша вест за обожавателите на киселиот вкус. Токму киселината од краставичките може да ја наруши глеѓта и да предизвика промена на бојата на забите.

Кафе и чај. Љубителите на кафе и чај може да завршат со жолти заби, а тоа особено важи ако претераат со уживањето во овие намирници.

Доматен сос. Доматот со својата киселина, но и интензивната боја може да предизвика потемнување на забите но и ерозија на забите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП