29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКреаторот на BMW Serieѕ 3 и 5 црта автомобили и на 80...

Креаторот на BMW Serieѕ 3 и 5 црта автомобили и на 80 години (фото+видео)

pol brak

Автомобилот е скулптура во движење, ја открива својата филозофија за дизајнот Пол Брак (Paul Bracq), Французинот кој дизајнираше неколку легендарни модели за „BMW“ и „Mercedes“.

Пол Брак може да се пофали дека во својата кариера работел за двата големи германски производители, но и дека е заслужен за дизајнот на првите генерации на најзначајни модели на компанијата „BMW“ – „Serieѕ“ 3 и 5.

pol brak1

Oвој Французин бил шеф на дизајнот на баварскиот производител во периодот од 1971-1974, кога беа создадени „Seriеѕ 3“ (E21) и „Seriеѕ 5“ (E12).

Брак во 1972-ра го обликуваше и концептниот спортски автомобил „BMW Turbo“, со врати во форма на „галебови крила“, кои подоцна послужија како инспирација за познатиот спортски модел „M1“.

pol brak2

Иако веќе подолго време е во пензија и е во осумдесетата година од животот, Пол Брак и натаму има нови идеи и секој ден црта автомобили.

Со цел уште еднаш да му оддаде почит на својот дизајнер, германскиот производител сними краток филм во кој Брак при прошетка низ музејот на „BMW“ во Минхен се присетува на својата работа на моделите во оваа компанија:

Пред него да дојде на позицијата прв човек за дизајн во „BMW“, Пол Брак има оставено голема трага во друг германски премиум производител, „Mercedes“.

pol brak3

Меѓу моделите кои го носат неговиот дизајнерски потпис се познатиот спортски двосед, „Mercedes W113“, кој се произведуваше под ознаките 230SL/250SL/280SL, потоа претходникот на „S Сlasѕ“ – „Mercedes 600“, како и лимузините „W114“ и „W115“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП