25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei претстави клон на iPhone 6 Plus (видео)

Huawei претстави клон на iPhone 6 Plus (видео)

honor 16

Кинескиот производител на паметни телефони „Huawei“ од утре во продажба на домашниот пазар ќе пушти нов модел, кој многу наликува на „iPhone 6 Plus“, не само на изглед, но и со своето име.

Смартфонот „Honor 6 Plus“ е со 5.5-инчен екран со резолуција од 1920×1080 пиксели, а дури го има и истиот метален раб на аглите како моделот на „Apple“. Смартфонот ќе располага со 3 GB RAM меморија, како и 32 GB внатрешна меморија, која ќе може да се прошири до 128 GB со картичка.

Уредот ќе е со оперативниот систем „Android“, а како посебна карактеристика ќе се двете камери лоцирани на задната страна, слично на моделот „HTC Mi8“. За разлика од моделот на „HTC“, сепак двете камери нема да се користат за подобар фокус и длабочина на фотографиите, туку за подобар квалитет во условите на нискоосветена средина.

honor 161

Моделот на „Huawei“ ќе се нуди во исти бои како оние на „iPhone 6 Plus“ – сребрена, црна и златна.

„Huawei“ е третиот најголем светски производител на паметни телефони во вториот квартал од оваа година, веднаш зад „Apple“ и „Samsung“.

Порачките на „Honor 6 Plus“ почнуваат од утре во Кина, а се очекува неговата цена да е околу 320 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП