18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеџик дава милион да го види Џејмс како забива

Меџик дава милион да го види Џејмс како забива

magic-johnson

Меџик Џонсон понуди награда од еден милион долари за победникот во натпреварот во забивање, се со цел да го привлече Леброн Џејмс да учествува.

Џејмс никогаш се нема натпреварувано во забивање, иако демонстрира неверојатни способности пред секој натпревар на Мајами.

„Те молам Леброн, учествувај! Ќе дадам награда од еден милион за победникот. Секоја година ги гледам забивањата, но сакам тебе да те видам“, порача Меџик.

Победникот на овогодинешниот натпревар во Хјустон, Теренс Рос од Торонто доби чек од 100.000 долари.

За разлика од Џејмс, кој очигледно несака да се натпреварува во забивања, еден од најголемите кошаркари на сите времиња, Мајкл Џордан учествуваше двапати, 1987 и 1988 година и двапати беше победник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП