20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple исплати преку седум милијарди долари за апликации

Apple исплати преку седум милијарди долари за апликации

apple1

„Apple“ известува за новиот рекорд од онлајн трговијата со апликациите од „App Store“. Според службените податоци, корисниците досега превземале преку 40 милијарди апликации од пуштањето на трговијата во погон во 2008 година.

Станува збор за единствени превземања, па не се земени во предвид надоградбите за апликациите или повторените превземања на корисниците кои некои поединечни програми ги  имале набавено порано. Од наведените 40 милијарди, речиси 20 мијарди превземања се објавени само во минатата година, додека две милијарди апликации се превземени во последниот месец од 2012 година.

„Apple“ ги нагласува и 775.000 достапни апликации на „App Store“ за „iOS“ уредите, а продавницата има и преку 500 милиони активни корисници.

Еди Кју, потпретседателот на одделот „Internet Software & Services“ на „Apple“, напоменува дека компанијата досега им исплатила преку седум милијарди долари на програмерите на апликациите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП