19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНовата луксузна Ralph Lauren торба (фото)

Новата луксузна Ralph Lauren торба (фото)

pl1

Ralph Lauren го претстави својот познат моден аксесоар во сосема ново руво, како комбинација на беспрекорниот луксуз и технологијата…

Она што оваа „Ralph Lauren“ торба, позната под името „Ricky Bag“ ја прави посебна се бројните елементи.

Како на пример, нејзината внатрешност е осветлена со помош на четири дискретни ЛЕД светла кои се активираат со отворањето на торбата. Исто така, тука е и интегрираниот УСБ порт преку кој можете да го полните својот мобилен телефон додека сте во движење. А, да, за изработката на една торба од овој модел, потребни се 12 часови работа.

Кога веќе го споменавме дизајнот на оваа торба и нејзината изработка, треба да се напомене дека е направена во Италија и дека е рачна изработка. Главниот материјал кој е користен е специјално одбрана кожа, со црна боја на нејзината надворешност и виолетова во внатрешноста. Исто така на неа се додадени и скапоцени елементи од розево злато. Ве интересира цената? Вистинска „ситница“ – само 5.000 долари.

pl2

pl3

pl4

pl5

pl6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП