16 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕРаскошниот дизајн на јахтата Maidelle (фото)

Раскошниот дизајн на јахтата Maidelle (фото)

laz1

Данската компанија „ICON Yachts“ официјално ја претстави јахтата со раскошен дизајн „Maidelle“.

Јахтата е долга 62 метри. Генералниот директор на „ICON Yachts“, ја опиша „Maidelle“ јахтата како најдобра јахта која тие ја креирале, на основа на различните искуства кои им ги донеле претходните серии.

Величенствениот ентериер на јахтата е дело на „Cristiano Gatto Design“ тимот, стациониран во Италија.

Природните материјали, прекрасниот уникатен декор, раскошното осветлување и совршениот рачно изработен мебел, ја направија оваа јахта посебна.

Гостите ги „дочекува“ централното лоби, со темен дрвен под, одлично осмислено осветлување… Лобито води во главниот салон, кој има пристап до луксузно опремената трпезарија, со капацитет до 12 гости, како и отворената дневна соба со прекрасен ентериер. Дневната соба може да биде затворена со големи лизгачки врати.

„Maidelle“ јахтата, може да нагости 12 луѓе. Поседува 4 гостински и 2 ВИП апартмани.

laz2

laz3

laz4

laz5

laz6

laz7

laz8

laz9

laz10

laz11

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП