20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајплатениот тим во светот!

Најплатениот тим во светот!

football-money.n

Фудбалот одамна не е само спорт, туку сериозен бизнис во кој се врти голема сума на пари. Како што своевремено изјави легендарниот шпански фудбалер, Луис Енрике, „тој што вели дека игра фудбал од љубов е најголем лажго“.

Само кога ќе ги погледнете платите на играчите во најсилните лиги во светот ќе ви застане здивот, а овој чекор го следат и богаташите од Русија, Кина, Бразил, па и арапските и земјите од Блискиот Исток, кои со „вреќи пари“ се обидуваат да убедат некоја од ѕвездите да дојде во нивниот клуб.

Во медиумите процури еден интересен текст во кој беше составен тим од најскапоплатените европски фудбалери. Секоја позиција има свој најплатен играч, а рекордер секако е напаѓачот на Анжи, Самуел Ето со 20 милиони годишно. Веднаш зад него следат Лионел Меси со 15, односно тандемот на Манчестер Сити, Давид Силва-Јаја Туре со по 13 милиони.

Интересно, Кристијано Роналдо е тек шести по заработувачката во овој состав со „само“ 10 милиони евра, а пред него се наоѓа бекот на Челзи, Ешли Кол со 12.4 милиони.

Треба да се истакне дека во овој состав се наоѓаат играчи од седум клубови и тоа, Реал, Барса,Челзи, Баерн, Манчестер Сити, ПСЖ и Анжи, со што јасно се покажува кој ја има најголемата финансиска моќ во Европа, но и во светот.

Најплатениот тим во светот:

Икер Касилјас (Реал Мадрид 6 милиони годишно) – Филип Лам (Баерн Минхен,10), Тијаго Силва (ПСЖ, 9.8), Џон Тери (Челзи, 9.5), Ешли Кол (Челзи, 12.4) – Јаја Туре (Ман.Сити 13), Франк Рибери (Баерн Минхен, 10), Давид Силва (Ман. Сити, 13) – Лионел Меси (Барселона, 15), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид, 10), Самуел Ето (Анжи, 20).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП