25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛуксембург на врвот, Романија и Бугарија на дното

Луксембург на врвот, Романија и Бугарија на дното

luksemburg

Луксембург е најбогатата држава во ЕУ, а следат Германија и Австрија, додека во групата на најсиромашни спаѓаат Романија, Бугарија, Хрватска, Естонија, Летонија и Унгарија.

Евростат наведува дека највисоко ниво на реална лична потрошувачка по глава на жител има Луксембург, кое е 35 проценти над просекот во ЕУ.

Германија и Австрија спаѓаат во грпата на земји чија потрошувачка по жител е 20 проценти над просекот во ЕУ.

Италија има просечна потрошувачка по жител, додека Данска, Финска, Шведска, Велика Британија, Холандија, Белгија и Франција 10 до 15 проценти над просекот на ЕУ.

Ирска, Кипар и Шпанија спаѓаат во земјите чија потрошувачка по жител е десет проценти под просекот, додека Португалија, Грција и Малта од 10 до 20 проценти под просекот на ЕУ.

Хрватска, Естонија, Летонија и Унгарија имаат куповна моќ за 30 до 40 проценти под просекот на ЕУ, а на самото дно се Романија и Бугарија со 40 до 50 проценти под просекот на Унијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП