25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕ10 Најскапи животни во светот (фото)

10 Најскапи животни во светот (фото)

lux-life-zanimljivo-zivotinje-najskuplje (00)

Ако во светот постојат луѓе кои имаат најголеми плати, постојат и животни кои чинат најмногу на светот и кои чинат по неколку милиони долари. Ако сакате да дознаете кои се тие животни, погледнете ја нашата листа.

10. Тукан – од 5.000 до 10.000 долари

10233

Името Тукан оваа птица го добила од португалските зборови „тупи тукана“. Оваа прекрасна и величествена птица може да се најде само на неколку локации, вклучувајќи ги Централна и Јужна Америка, Карибите и јужниот дел на Мексико. Овие птици се многу популарни и познати по својот голем клун кој е обоен со силни бои, а до сега се познати дури 40 варијации на овој вид. Перјата им се најчесто црни, со жолти, бели или црвени нијанси. Цената на ова прекрасно животно се движи од 5.000 до 10.000 долари.

9. Де Браза мајмун – од 7.000 до 10.000 долари

9237

Овој вид на мајмун се нарекува и мочуришен мајмун. Неговото живеалиште е во мочуришните области на Централна Африка. Ова животно името го добило по францускиот истражувач Пјер де Саворгнан де Браза. Многу е тешко да ги лоцирате, бидејќи многу добро се камуфлираат и кријат, а нивниот животен век е до 22 години.

8. Хуацинт Макау – 14.000 долари

8247

Овој Макао не е само најскапата птица во светот, туку е и најголемиот летачки папагал кој постои. Се наоѓа во источните и централните делови на Јужна Америка. Меѓутоа, поради големата популарност која оваа птица ја има, нејзиниот број е значително намален.

7. Палм Какаду – 16.000 долари

lux-life-zanimljivo-zivotinje-najskuplje (07)

Овој Какаду е познат по своите црно-сиви перја и видливата црвена пега на главата, односно образите која ја менува бојата според расположението. Може да достигне висина до 60 см и да тежи повеќе од еден килограм. Има голема пердуви на главата и силен клун.

6. Бубачката елен – 89.000 долари

6261

Оваа бубачка е многу необична, а поради тоа и нејзината цена е многу висока. Се карактеризира со огромни и црвени рогови на врвот на главата. Оваа бубачка е многу ретка и не се знае колкава е нејзината популација.

5. Млади бели лавчиња 138.000 долари

5283

Овие мали бели „мачиња“ доаѓаат од многу ретките семејства на бели лавови. Белите лавови можат да се најдат само во посебните резервати кои се грижат за нов и се трудат овој вид да не биде истребен. Белите лавови денес се околу 300 на број и распространети се низ повеќе резервари во светот.

4. Сер Ланселот лабрадор – 155.000 долари

4286

Овој прекрасен лабрадор настанал верувале или не, со клонирање. Едгар и Нина Ото, пар од Флорида кои го имале прочуеното куче Ланчелота, го клонирале својот миленик кој починал во 2008 година и така го добиле Сер Ленселот лабрадорот, таа постапка ги чинела 155.000 долари.

3.Тибетски мастиф – 582.000 долари

33

Тибетскиот мастив е една од најскапите раси кои можете да ги купите и да ги имате како домашен миленик. Оваа раса на куче е исто така една од најголемите раси во светот, а најголемиот мастиф достигнал висина од 83 см и тежина од 70 килограми. Тибетскиот мастиф постои во неколку бои, вклучувајќи ја црната, кафената, кафено-црвена и сивата.

2. Мис Миси – 1.200.000 долари

2304

Кога ќе слушнете дека некое животно чини повеќе од милион долари сигурно не помислувате на крава. Мис Миси е најскапата крава во светот. Таа има освоено бројни натпревари и стана една од најпознатите животни во светот. Благодарение на тоа, таа стана второто најскапо животно во светот.

1. „Зелен Мајмун“ – 16.000.000 долари

1326

Ако очекувавте некаков зелен ексцентричен мајмун да го завземе првото место, сте се излажале. Иако се нарекува „Зелен Мајмун“, ова животно всушност е коњ. Поради својата крвна линија и шампионските предци овој коњ на аукција достигнал цена од неверојатни 16 милиони. Меѓутоа, Зелениот мајмун не може да се пофали со големи тркачки способности, бидејќи во својот живот не освоил ниту една трка. Во 2008 година Зелениот мајмун се пензионираше.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП