25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРојс се подготвува за преселба на Пиринеите, тој учи шпански!

Ројс се подготвува за преселба на Пиринеите, тој учи шпански!

marce rojs 4

Прашањето каде Марко Ројс ќе ја продолжи својата кариера, изгледа го добива својот одговор.

Според германските медиуми, ѕвездата на Борусија Дортмунд е виден како посетува часови по шпански пред три недели, што говори дека тој се подготвува за живот на Пиринејскиот полуостров. Таму тој е баран од Барселона и од Реал Мадрид, но изгледа „кралевите“ се фаворити, бидејќи „каталонците“ имаат забрана за трансфери до јануари 2016-та година.

Речиси сигурно Ројс ќе замине по завршувањето на сегашната сезона, кога во акција влегува неговата откупна клаузула во износ од 25 милиони евра. Неодамна тренерот на Реал, Карло Анчелоти изјави дека Ројс е еден од тројцата најдобри германски фудбалери заедно со Тони Крос и Сами Кедира. Последните двајца веќе се на „Сантијаго Бернабеу“, што пак ќе биде убаво за Марко, за да може полесно да се навикне со промената.

Засега самиот Ројс избегнува да коментира за својата иднина. Раководството на Борусија сепак призна дека тешко дека тој ќе замине од „Сигнал Идуна Парк“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП