19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАHP со нов сервер за мобилните оператори

HP со нов сервер за мобилните оператори

hplogo

HP воведува нови решенија за мобилните оператори кои ќе им овозможат лесна имплементација на LTE технологијата и употреба на различни типови на мрежа со едноставно решение за да управуваат со претплатниците. Додека операторите преминуваат на LTE мрежата, имаат обврска во истовреме да управуваат со голем број стари видови на мрежи на кои претплатниците ќе бидат префрлени додека трае транзицијата. Операторите мораат да бидат во можност лесно да го утврдат идентитетот на претплатниците и нивните достапни услуги во хетерогената мрежна околина, без да има влијание на квалитетот на услугите.

Новиот „HP Integrated Home Subscriber“ сервер ги поврзува 2G, 3G, 4G, WiFi и Internet Protocol Multimedia Subsystem (IMS) мрежите, што би им помогнало на операторите да управуваат со претплатниците од едно место, без разлика на типот на мрежа на која се поврзани. Со примена на една апликација и синхронизација на податоците за претплатниците во реално време, операторите можат да остварат поголема сигурност со ова решение.

HP I-HSS претставува единствена комбинација на функциите на HP Home Location Register (HLR), HP Home Subscriber Server (HSS) и HP Authentication Authorization Access (AAA) решенијата, а овозможува креирање на стандардна архитектура за конвергација на податоците. Благодарејќи на ова, операторите можат да изберат свој начин на развој на мрежите и на своите претплатници лесно да им активираат нови сервиси, како што се Voice over LTE или пристап до WiFi мрежа.

Покрај тоа HP I-HSS овозможува и:

– претплатниците да бидат во движење и неприметно да се префрлаат на различни мрежни технологии.

– операторите да ги намалат оперативните трошоци поврзани за истовременото управување на старите и новите претплатници низ консолидирањето на правата за пристап и апликаците.

– да се обезбеди поголема сигурност на податоците на претплатниците во хетерогените мрежи, благодарејќи на архитектурата отпорна на грешки.

– се користат паралелни инсталации кои овозможуваат постепено премин на претплатниците и сервисите на старите системи на новиот HP I-HSS.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП