24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовик за грантови – 25.000 долари за најуспешни кампањи против семејно насилство

Повик за грантови – 25.000 долари за најуспешни кампањи против семејно насилство

Communications Awards

AVON Фондацијата за жени и организацијата Futures Without Violence го најавија престижното доделување награди 2015 Avon Communications Awards for Excellence за најдобри комуникациски кампањи фокусирани на борба против насилството врз жените и децата.

Вкупниот награден фонд е 25.000 долари, а 5 невладини организации кои ќе бидат одбрани за своите најиновативни кампањи ќе добијат грант од 5.000 долари.

Аплицирањето е лесно! Заинтересираните организации единствено треба да ги прикачат своите комуникациски материјали на X-CHANGE до 31-ви јануари 2015, со цел да влезат во изборот за 5-те гранта. Апликантите ќе бидат разгледани од интернационално жири, а наградите ќе бидат објавени во март 2015 година, околу Денот на жената.

Програмата Communications X-Change е лансирана во ноември 2012 со цел да ја поддржи популарната интернационална кампања #16дена, како и Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, и оттогаш во X-Change се собрани повеќе од 1.000 материјали од повеќе од 300 невладини организации од 81 земја во светот.

AVON Македонија ги охрабрува и сите македонски невладини организации кои го третираат проблемот со семејното насилство да земат учество во овој повик! Сè што треба да направат за да влезат во изборот е да достават примери од интересни тековни или минати комуникациски кампањи поврзани со насилството врз жените и децата.

Линкот за прикачување на примерите е: http://xchange.futureswithoutviolence.org/ 

Преку наградниот избор „Avon Communications Awards for Excellence“ се препознаваат исклучителните комуникациски кампањи и материјали од секаде во светот кои се наменети за борба против насилството врз жените и децата. Сите доставени материјали најдоцна до 31 јануари 2015 година ќе бидат земени предвид за еден од 5-те гранта и ќе бидат поставени на X-CHANGE, првата дигитална библиотека која на луѓето ширум светот им овозможува да ги споделуваат своите иницијативи за борба против семејното насилство.

Communications Awards1

За AVON Фондацијата за жени

AVON Фондацијата за жени е најголемата корпоративна филантропска организација во светот која се фокусира на проблемите со кои се соочуваат жените. Основана е во 1995 година со цел да ги подобри животите на жените ширум светот, а до 2013 година има донирано средства во висина поголема од 957 милиони долари во повеќе од 50 земји. Денес, реализираните донации преку Фондацијата на AVON се користат во филантропските кампањи за Борба против ракот на дојка и Борба против семејното насилство. Преку продажбата на производите со розова панделка се собираат средства за спроведување научни истражувања за ракот на дојка, како и обезбедување поголем пристап до нега за засегнатите, додека со средствата од производите од сината серија за борба против семејното насилство, се прават напори за искоренување на домашното и половото насилство врз жените и децата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП