25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРВЈУИнтервју со Даниела Адемоска - Сопственик и генерален директор на Капитол Мол

Интервју со Даниела Адемоска – Сопственик и генерален директор на Капитол Мол

daniela-ademoska-3

1. Овој декември Капитол Мол го слави својот прв роденден. Како ќе го прославите, и што се планирате да им понудите на потрошувачите?

На 12 декември славиме една година од отворањето на трговскиот центар Капитол мол, кој е дел од деловно-станбениот комплекс во кој влегува и резиденцијалниот станбен дел Капитол Резиденс. Ќе имаме интересна недела, а особено интензивни три дневни активности, идниот петок, сабота и недела, со кои се надеваме ќе го привлечеме вниманието на граѓаните, и сите заедно ќе уживаме! Ќе се потрудиме да обезбедиме содржини за сите возрасни групи, што е и целта на Капитол Мол, со многу забава и изненадувања за целото семејство. За младите ќе имаме концерти на Сара Мејс, Тони Зен, како и извонредните музичари од Eye Cue, за најмладите детски претстави и активности, и многу подароци и поволности за посетителите, така што Капитол Мол следниот викенд, ќе биде вистинското место за забава за целото семејство. За роденденот планираме отворање на уште еден голем моден бренд, на радост особено на женскиот дел од популацијата, така што следете не на нашата фејсбук страна каде ќе ги промовираме активностите!

2. Имате уникатен концепт на работа, кажете ни нешто повеќе за тоа?

Топла, семејна атмосфера, е она по што се разликува Капитол Мол од останатите трговски центри.  Имаме избалансирана содржина, каде секој член на семејството може да најде нешто за себе, како и да се завршат неопходните обврски.

На приземјето се наоѓаат супермаркетот Рамстор, потоа телекомуникациски услуги, познати кафулиња (Дежа Ву), менувачница, аптека, оптика, бижутерија, парфимерија (Еликсир Ексклузив), продавници за долна облека(Мадам), за подароци и цвеќарница(Купи Момент), за здрава храна (Био Култ), како и за чевли(Парис Хилтон), и од скоро време и локалот на светски познатиот моден бренд – Том Тејлор.  Првиот кат е резервиран за модата за сечиј вкус, преку интернационалните и регионалните  брендови како што се: Кампионе, Мек Грегор, Котон, Колезионе, Сарар, Ава, потоа Дуки Дасо, а на ова ниво е сместен и добро познатиот ланец ДМ. Во најскоро време очекувајте го отворањето на светски познатиот бренд Ваикики кој дополнително ќе ја зголеми понудата за сите целни групи. Вториот кат е наменет за спортот и за најмладите, каде што се наоѓаат локалите на Кидс Стор (мултибренд продавница за детска облека), потоа продавниците на Крш и Просветно дело со добро познатите детски интернационални брендови на облека и играчки, продавницата на канцелариски материјал Офис Плус, потоа препознатливиот бренд на Спорт Вижн со понуда на спортска опрема од најпознатите светски производители, како и супер модерниот Капитол Фитнес Центар за вежбање и рекреација. Третиот кат е за храна и забава. Без оглед дали преферирате храна, закуска, сладолед, кафе и слично, тоа ќе го уживате на пространата тераса со прекрасен поглед на Скопје. Во делот за забава, тука е веќе препознатливиот бренд на детската игротека Кидс Парк, потоа центарот за кугање и билијард 4Боулинг, комплетно опремен од светскиот број 1 производител, американскиот Брунсвик. Во периодот што следува, овие содржини ќе се збогатат со реализацијата на уште еден проект за тинејџери и адолесценти.

Можеби немаме премногу брендови, но тие кои се во Капитол Мол, се внимателно избрани, препознатливи по својот квалитет и имиџ.

Нашиот принцип на работа е дека не треба да брзаме, и секогаш долгорочно да ги согледаме ефектите од секоја активности.

daniela-ademoska-1

3. Капитол Мол се наоѓа во најголемата скопска општина, во која граѓаните имаат голем избор на активности и навистина огромна понуда. Колку тоа ја отежнува или олеснува вашата обврска да им понудите нешто интересно, да бидете први, автентични и да ги задржите своите лојални потрошувачи?

Капитол Мол е отворен за сите граѓани на Скопје и земјава. Не радува кога ќе забележиме потрошувачи и од останатите  населби и градови,  кои насмеани го напуштаат трговскиот центар. Секако Аеродромци се нашите најверни и најчести посетители. Како трговски центар со европски шмек, семејството на брендови постепено го збогатуваме, така што верувам дека и навиката да се доаѓа во Капитол Мол ќе биде во нагорна линија. Веруваме во она што го работиме, и не отстапуваме од квалитетната содржина и концепт. Имаме фантастична фитнес сала и клуб за куглање, ресторани со многу урбана атмосфера и многу повеќе. За разлика од отворањето кога и не беа отворени повеќе продавници и локали, денес ситуацијата е поинаква, и навистина сите оние кои ќе дојдат повторно во капитол Мол пријатно ќе се изненадат. Имаме топла пријатна атмосфера, како ретко на кое друго место, и токму во таа насока ќе ја збогатуваме содржината и понатаму.

4. Какви се македонските потрошувачи?

Љубопитни и внимателни, но и високо свесни граѓани. Сакаат убаво опкружување, и бараат понуда што ќе им го подобри квалитетот на животот ним и на нивните најблиски. За Македонците купувањето е повеќе од задоволување на основните потреби, и пред се дружење и забава, а токму за тоа ние во Капитол Мол креиравме топла, пријателска атмосфера. Внимаваме на многу работи, со цел да им го овозможиме тоа позитивно искуство.  Нашиот успех зависи од нивната доверба и задоволство и затоа сме во постојан контакт со нивните желби, користејќи ја нашата умешност и креативност за да ги задоволиме потребите кои постојано се менуваат.

5. Која содржина или понуда од Капитол Мол сметате дека има простор да се подобрува, а која има најголем потенцијал за пораст?

Примарна и најважна улога на Капитол Мол е обезбедување на квалитетни содржини, што ќе ги задоволат потребите на сите наши потрошувачи, од најмладите, до најстарите. Секојдневно се трудиме да ги препознаваме и да ги имплементираме желбите, вкусовите и потребите на нашите потрошувачи, а нивното задоволство за нас е клучен елемент во градењето на меѓусебната доверба. Капитол Мол е место за целото семејство, а бидејќи најблиското опкружување е полно со семејни луѓе, со лимитирано слободно време, кои сакаат да поминат квалитетни мигови со своите најблиски и да им понудат некакво доживување, нашиот фокус се содржините за деца и млади, како квалитет што можеме и треба да го развиваме. Центарот за куглање, рестораните на третиот кат се дел од содржините кои имаат многу поголем капацитет и кои со мала промоција и дополнителни активности очекуваме да бидат многу популарни меѓу младите. Дел од комплексот е и резиденцијалниот станбен објект Капитол Резиденс. Комплексот го карактеризира пре­поз­на­тлива фа­са­да, современ дизајн, енергетска ефикасност и највисока технологија која е вгра­де­на во об­јек­тот, што сеопфатно го прави уникатен простор кој ги одзема воздишките на посетителите. Резиденцијалниот комплекс  се состои од вкупно: 72 станови со одличен распоред на собите и многу светлина, обезбеден е паркинг, а сите оние кои ќе живеат во овој комплекс ќе имаат на располагање фитнес центар, и многу други подобности, сите на едно место. Изолацијата е беспрекорна, така што иако фактички живеат над трговски центар, гужвата нема да ја почувствуваат, а ќе ги користат сите поволности. Внимававме на многу мали детали, а се со цел да обезбедиме хармонија, и задоволство на идните станари кои тука, на овој магичен простор ќе ја започнат својата животна приказна. Посетете ги становите, пријатно ќе се изненадите!

daniela-ademoska-2

6. Како се подготвувате за празничниот период на зголемена потрошувачка поради празниците?

Среќни сме што само во една година изградивме огромна база на задоволни потрошувачи и со нашето постоење го подобривме квалитетот на животот на нашите граѓани. Задоволство ми е да ја препорачам целата понуда на Капитол Мол, бидејки знаеме дека за празниците очекувањата и барањата на нашите потрошувачи се особено високи. Се трудевме да креираме понуда на квалитетни производи и услуги, бидејќи знаеме дека секој потрошувач особено во овој период го сака  најдоброто за себе и за своите најмили.  Се надевам дека успеавме во тоа.  Во план ни е и голема наградна игра, за што дополнително ќе информираме.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП