19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАвтомобилот кој отвора нова ера во дизајнот

Автомобилот кој отвора нова ера во дизајнот

L

Audi влегува во ера на нов дизајн: На автомобилскиот саем во Лос Анџелес, Марк Лихте, главниот дизајнер на Audi, го претстави новиот Audi концепт автомобил. Лихте на брендот Audi му даде нова стилска насока за големо купе.

“Кога дојде во Audi, Марк Лихте веднаш ја започна дизајнерската офанзива”, изјави д-р Улрих Хакенберг, член на управниот одбор за развој, кој го покани Лихте во Инголштад во 2014 година “Неговата јасна филозофија и точно разбирање на гените на Audi му овозможи да развие врвна дизајн стратегија, која за нас отвора сосема нови перспективи.

acet

 

Тој е прогресивен и високо емотивен и ја изразува технолошката компетентност и квалитет кои совршено го опишуваат брендот. Audi концептот е првиот автомобил со негов потпис”.

Марк Лихте го опиша карактерот на автомобилот на свој начин: “Audi се залага за спортски, лесен дизајн и постојан погон на сите тркала.

Во Audi концептот, ние го вложивме целото знаење во една нова форма – го трансформиравме најспортскиот автомобил во луксузен сегмент.

Нашиот тим внесе нов пристап како во надворешниот, така и во внатрешниот дизајн”.

Дизајнот на Audi сега ја пренесува прогресивната технологија уште помоќно. Спортското купе со две врати има едноставен и елегантен облик во спортски и затегнат дизајн.

Сите негови форми и линии се непогрешливи и претставуваат многу нови идеи. Во јасниот ентериер, преку комбинирање повеќе елементи со кои се пренесуваат информациите до возачот, брендот создаде сосема нова инструмент табла.

Целиот преден дел на инструмент таблата е голем екран чувствителен на допир, а во еден дел корисничкиот интерфејс работи со нов тип на OLED екран направен од органски LED диоди.

Технологијата на автомобилот ги комбинира моќта, удобноста и ефикасноста. 4.0 TFSI бензинскиот мотор има моќ од 445 kW (605 КС) и 750 Nm вртежен момент со што Audi забрзува од 0 до 100 km/h за 3,7 секунди.

Динамичното управување на сите тркала му овозможуваат врвна стабилност.

L

Хармонични пропорции на надворешноста

Новиот концепт на Audi е малку пократок и порамен во споредба со моделот од сериско производство Audi А8. Концептот е 5,10 метри долг, меѓуоскиното растојание изнесува 2,94 метри, широк е 1,95 метри и висок 1,39 метри.

Доминантна карактеристика во долниот преден дел е едноделната решетка на која се поставени четирите прстени, кои се целосно интегрирани во автомобилот. Големата маска на ладилникот е значително проширена, а нејзината позиција е пониска во споредба со актуелните производни модели.

Со силниот хоризонтален ефект се добива впечаток на моќна динамика.

Светлата имаат широк и рамен облик а нивните завршетоци доаѓаат веднаш до едноделната решетка. Тие ја претставуваат Matrix ласерската технологија, иновација преку која Audi отвора нова ера во дизајнот на предните светла со цела низа нови функционалности.

Новата ласерска технологија им овозможува на дизајнерите да создадат светла кои се екстремно лесни, компактни, елегантни и имаат форма на око.

L

Луксузна и иновативна внатрешност

Просторната внатрешност на Audi концепт автомобилот изгледа како луксузен апартман. Се заснова на Gran Turismo дизајнот, а тоа овозможува и поспортско возење и опуштено крстосување.

Целата инструмент табла целосно визуелно се прилагодува на специфичниот стил на возење. Внатрешноста го означува почетокот на една нова ера во дизајн на Audi.

Екраните се интегрирани во инструмент таблата и во средишната конзола, а мултимедијалниот систем овозможува одлична комуникација на возачот и патниците.

При влегување во купето со четири седишта, автомобилот им посакува на своите патници топло добредојде. “Батлер” – иновативната интелигентна софтверска програма – ги идентификува патниците преку нивните паметни телефони и ги прилагодува седиштата и клима уредот според нивните преференци.

Системот, исто така, дава препораки за изборот на музика и помага при изборот на дестинацијата според желбите на патниците.

Easy Slot системот, развиен од Audi се наоѓа под средишната конзола.

Посебен механизам ги вмрежува паметните телефони на патниците во возилото со мултимедијалниот систем.

bace

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП