24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денес поевтинува парното

Од денес поевтинува парното

parno

Парното од денеска поевтинува за 14,24 проценти за оние граѓани во Скопје што се снабдуваат од Балкан Енерџи Груп и за 13,45 на оние што се греат преку топланата „Скопје север“.

Регулаторната комисија за енергетика, одлуката за намалување на цената ја донесе на последната седница, а се должи на пониската цената на природниот гас кој учествува со 70 отсто во производството на топлинска енергија, а останатите 30 отсто отпаѓаат на мазут.

Регулаторот, според новиот правилник, цената на топлинската енергија може да ја менува на месечно ниво во интервал од плус-минус 5 отсто. Досега тоа се правеше двапати годишно, во декември и во јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП