29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСо продажба на пакет акции DEG ја поттикна ликвидноста на Атлантик Група...

Со продажба на пакет акции DEG ја поттикна ликвидноста на Атлантик Група на берзата и пазарите

tlant

Германската развојна банка DEG стави во процес на забрзана регистрација 207,173 акции на Атлантик Група, водени од страна на инвестициската компанија Интеркапитал што сочинуваат 6,21 процент од капиталот.

DEG е долгорочен развоен партнер на Атлантик Група уште од аквизицијата на Цедевита во 2001 година, кога банката се вклучи во финансирањето, што подоцна продолжи преку акционерско вложување во 2006 и е дополнето со земање учество во докапитализацијата во 2010 година. По трансакцијата DEG останува стратешки партнер со 2,28 процентен удел во капиталот на Атлантик Група.

“FREE FLOAT” на 35,5 проценти

Понудата на акции од DEG предизвика голем интерес помеѓу инвеститорите, односно 1,7 пати поголема побарувачка на 26. ноември 2014 година, а на издадените акции им беше доделена цена од 925 куни. Трансакцијата беше извршена на вонберзанскиот пазар на 27. ноември. Учество земаа 22 понудувачи при што повеќе од една третина од сите понуди пристигнаа од водечките меѓународни фондови за инвестирање во пазари во развој. Вкупно 65 проценти од акциите се наменети за домашни, а 35 проценти за странски инвеститори. Во трансакцијата од вкупно 25 милиони евра, 58 процентен удел е наменет за инвестициските фондови, 39 проценти за пензиските фондови и 3 проценти на банките и индивидуалните инвеститори. Оваа трансакција ќе осигура дополнителна ликвидност на акциите на Атлантик Група, зголемувајќи го уделот на акции кои се дистрибуирани до јавноста (free-float) на 35,5 проценти.

Др. Петер Матин Тим, директор на DEG за Европа, Блискиот Исток и средна Азија истакна: “Ние сме исклучително задоволни од долгогодишната соработка со Атлантик Група која датира уште од првиот заеднички проект при аквизицијата на Цедевита во 2001 година. И честитаме на компанијата и менаџментот за визионерството и континуираните напори кои резултираа со денешното позиционирање на Атлантик Група. DEG и понатаму останува акционер во комапнијата бидејќи нашето искуство докажува дека Атлантик има силна перспектива за раст и понатамошен развој и заинтересирани сме и се радуваме за проширувањето на нашето партнерство преку идна соработка.”

Голем интерес од страна на инвеститорите

„DEG го препозна потенцијалот на Атлантик Група во време кога комапнијата уште не котираше на пазарот на капиталот и го поддржа нашиот развој преку долготрајна и плодна соработка. Среќни сме што DEG останува акционер на Атлантик Група, а со тоа ја потврдува и поддршката во развојот во иднина. Од друга страна, исто така не радува зголемената ликвидност на нашите акции која беше поттикната со оваа трансакција која генерално ќе има позитивно влијание на хрватскиот пазар на капитал. Секако, задоволство ни е што гледаме волку голем интерес на домашните и странските инвеститори за акциите на Атлантик Група”, изјави Емил Тедески, Претседател на Управата на Атлантик Група.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП