20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРААко сакате да имате пари, не правете ги овие седум грешки

Ако сакате да имате пари, не правете ги овие седум грешки

53459_novcanik-shutterstock-110263778

Кој не би сакал да има повеќе пари и да биде богат? Размислете, дали и вие ги правите овие грешки во врска со парите?

Трошите повеќе отколку што заработувате

Веројатно мислите дека е логично дека еден човек не може да потроши повеќе отколку што има. Меѓутоа, ова е и најчестата грешка која речиси сите луѓе ја прават. Во тоа ни помагаат кредитните картички и останатите олеснувања кои буквално не мамат да трошиме повеќе отколку што заработуваме.

23357_shutterstock_46201825_630x0

Го купувате она што не ви е потребно

Сите ние сакаме да се пофалиме колку сме успешни и поради тоа сме подложни да го купуваме и она што и не ни е најпотребно само за да се „покажеме во друштвото“, додека вистински успешните луѓе немаат потреба за тоа. Познатиот американски милијардер Ворен Бафет изјавил дека „Ако го купувате она што не ви е потребно, наскоро ќе мора да го продадете она што ви е навистина потребно“.

49278_shutterstock-132478784_630x0

Не ја знаете својата финансиска состојба

Кога сме свесни дека лошо стоиме финансиски, и дека во моментот не е возможно да ја поправиме финансиската состојба, имаме обичај да избегнуваме да одиме во банка за да ја провериме актуелната состојба на нашата сметка за поточно да дознаеме со колку сретства располагаме. Тоа е голема грешка. Треба да ги запишеме сите бројки на хартија и внимателно да ги погледнеме. Тоа е првиот чекор за решавање на финансиските проблеми.

57223_profimedia0003737782_630x0

Кога немаме план

Планирањето на трошоците и издатоците е нешто основно. Нашите финансиски цели би требало да ги вклучат и плановите за пензија, отплата на долгови и пронаоѓање на начини за да инвестираме во нешто, без оглед на висината на приходите.

6703_shutterstock_27274216_630x0

Потпирање на само еден извор на приходи

Многумина имаат само еден извор на приходи, без оглед на тоа дали се работи за државна или приватна фирма. Тоа воопшто и не е препорачливо. Што ако нешто се случи и тој извор на сретства едноставно згасне?

48921_shutterstock-132478814_630x0

Помирување со она што го имате

Ако се задоволите со она што секој месец го добивате на вашата сметка и ако мислите дека не постојат шанси за зголемување на приходите, повторно грешите. Ако некој од вас денес побара повеќе да штедите, дали автоматски ќе почнете да размислувате за трошоците од кои ќе мора да се откажете? Погрешен пристап. Подобар пристап е да размислите како да ги зголемите своите приходи, а не од што ќе мора и да се лишите.

53459_novcanik-shutterstock-110263778_630x0

Трошењето поголем приоритет од штедењето

Ако нешто денес ни е неопходно, секогаш попрво ќе се одлучиме да го купиме неопходното отколку да заштедиме, а штедењето во ваков случај го оставаме за подоцна. А тоа „подоцна“ никогаш и нема да дојде бидејќи секогаш ќе има нешто кое ќе ви биде „многу потребно“. Ако чекате да заштедите така што она што ќе ви останува од платата да го оставате на страна, тоа никогаш нема ниту да се случи. Подобро е најпрво да оставите одредена сума на страна, а потоа да трошите од тоа што ви останало.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП