23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИTumblr стана најбрзо растечката социјална мрежа

Tumblr стана најбрзо растечката социјална мрежа

tumblr 442

„Tumblr“ веќе е најбрзо растечката социјална мрежа. Таа привлекува најмногу нови корисници во последните шест месеци, покажува редовната анализа на „Global Web Index“, објавена од изданието „TechCrunch“.

Бројот активни корисници на платформата која е во сопственост на „Yahoo“ се зголеми за 120% за овој период. За споредба, растот на „Facebook“ е само 2%. Сепак, социјалната мрежа на Марк Цукерберг продолжува да биде лидер во вкупен број на корисници – над 1,35 милијарди месечно.

Сосема природно „Facebook“ има и помал раст поради фактот дека веќе практично достигна до сите интернет корисници кои би сакале да имаат профил. Затоа и социјалната мрежа има најмал раст од сите останати.

Најголем губитник од последните шест месеци е „Instagram“. Платформа за споделување на фотографии, сопственост на „Facebook“, беше најбрзо растечката социјална мрежа на почетокот на годината.

Сега таа паѓа на третото место, откако беше помината од „Pinterest“. Оваа платформа забележа најголем раст на новите регистрации, но е на второ место, бидејќи има помал раст на активните корисници, кои се всушност најважниот индикатор. Истовремено „LinkedIn“ е на четврто место по раст на корисниците, следен од „Twitter“, „YouTube“, „Google+“ и „Facebook“.

Кога станува збор за мобилните апликации, најголем е растот на „Snapchat“. Апликацијата забележа зголемување на базата со 56%. На второ место е „Facebook Messenger“, кој претходно во оваа година ги принуди корисниците да го инсталираат, ако сакаат да можат да добиваат пораки од „Facebook“ и на мобилни уреди. На трето место повторно е „Instagram“, следен од „Line“ и „Pinterest“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП