29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжува сеидбата на житни култури во Кумановско

Продолжува сеидбата на житни култури во Кумановско

poljoprivrednik-traktor

По десетдневниот прекин на есенската сеидба во Kумановско, неделава продолжува сеидбата на житни култури, информираат од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Сеидбата се одвива отежнато поради големата влага на почвата. Поради овие услови квалитетот на сеидбата, негативно ќе се одрази на развојот на житните култури. Но, површините кои се засеани на почетокот се во добра состојба и условите се погодни за нивен натамошен развој“, изјави Бранкица Димковиќ од подрачната единица на МЗШВ.

Надлежните потсетуваат дека вкупниот резултат ќе зависи од примената на агротехничките мерки и заштита од болести и штеточини. Досега пченицата е засеана на површина од 14.905 хектари, најмногу ја сееле индивидуалните земјоделци на површина од 11.395. Земјоделците годинава насеале и 300 хектари со рж. Земјоделските претпријатија и индивидуалните земјоделци сееле и јачмен досега на површина од 5.695 хектари. Фуражни култури засеаени се на површина од 1.405 хектари.

Процентуално, есенската сеидба кај земјоделските претпријатија изнесува 90 отсто, а кај индивидуалните земјоделци 70 отсто од планираните површини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП