24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на профитот на американските банки

Раст на профитот на американските банки

us 3

Американските банки во третиот квартал од оваа година забележаа раст на профитот од 7,3 проценти во однос на истиот период лани, што, според аналиитчарите, е уште еден показател дека финансиските институции во САД продолжуваат да се опоравуваат од кризата од пред шест години.

Според податоците на американската Федерална агенција за осигурување на депозитите (ФДИЦ), растот на банкарскиот профит се должи на намалувањето на трошоците и на зголеменото кредитирање, што доведе и до пораст на приходите.

Банките и останатите финансиски институции во САД во периодот јули­септември годинава заработиле 38,7 милијарди долари, за разлика од 36,1­те милијарди во истиот период лани.

Во посочениот квартал процентот на непрофитни банки се намалил на 6,4 отсто од вкупниот број финансиски институции, од ланските 8,7 проценти.

„Банкарскиот сектор забележа уште еден позитивен квартал. Најважно е тоа што растот на профитот е заснован на зголемувањето на приходите, а не на намалување на трошоците за покривање на загубите од лошите кредити, што е одржлива основа за во иднина“, изјави претседателот на ФДИЦ, Мартин Гринберг.

Вкупното кредитирање во третиот квратал од годинава пораснал за 4,6 отсто на годишно ниво, што укажува на подобрување на условите за доделување кредити по финансиската криза.

Според ФДИЦ, бројот на „проблематични банки“ во посочениот квартал е сведен на 329, што е најмало ниво уште од првото тримесечие во 2009 година. Во периодот јули­септмври 2014 банкротирале само две банки за разлика од шестте во истиот квартал лани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП