28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул подготви 47 милиони фунти за тројца играчи

Ливерпул подготви 47 милиони фунти за тројца играчи

cech-martinez-redmond-5

Дури 12-тото место во Премиерлигата и опасноста да бидат сопрени веќе во групната фаза од Лигата на шампионите, го натера раководството на Ливерпул во зимскиот преоден рок да побара нови засилувања.

Менаџерот на „црвените“, Брендан Роџерс во јануари би сакал да го доведе голманот на Челзи, Петр Чех, напаѓачот на Порто, Џексон Мартинез и крилото на Норвич, Нејтан Редмонд. Овие тројца играчи би го чинеле Ливерпул околу 47 милиони фунти (60 милиони евра), објавија денеска британските медиуми.

Најголем дел од овие пари би заминале за трансферот на Џексон Мартинез, околу 30 милиони фунти. За Чехот отштетата би била седум, додека за Редмнод ќе треба да платат десет милиони фунти.

Сепак, доколку имаат желба да ја поправат сликата од стартот на оваа сезона, првите луѓе на клубот треба да ги засукаат ракавите и сериозно да го засилат тимот за време на зимскиот преоден рок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП