19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Кралевите“ ги стартуваа преговорите за Лукас Силва

„Кралевите“ ги стартуваа преговорите за Лукас Силва

lukas-silva111

Претставници на Реал Мадрид стапиле во контакт со бразилскиот шампион Крузеиро за халфот Лукас Силва, соопштува весникот „АС“.

Според информациите тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти лично инсистира на трансферот на фудбалерот.

Анчелоти исто така разговарал со тренерскиот штаб на бразилскиот клуб за квалитетите на 21-годишниот фудбалер.

Реал Мадрид може да го привлече Силва за сума од 15 милиони евра.

Карло Анчелоти сака да го земе Силва со цел да го засили средниот ред, бидејќи Сами Кедира ќе го напушти тимот, а Италијанецот не е задоволен од Асиер Илараменди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП