23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLinshof i8: Сериозен германски играч на пазарот на телефони

Linshof i8: Сериозен германски играч на пазарот на телефони

linshof1

Нов играч денеска се појави на пазарот на телефони, а станува збор за германска компанија која испрати соопштение преку кое порачуваат дека нудат „high-end“ хардвер по цена за средна класа.

Тоа е телефон со помалку чуден изглед кој е наречен „Linshof i8“ и кој доаѓа со куќиште од алуминиум. Телефонот би требало да го одликува 5-инчен „Super AMOLED“ екран со 1080p резолуција, како и „Android 5.0 Lollipop“ со „Linshof“ корисничкиот интерфејс.

Што се однесува до хардверот, се вели дека ќе има осумјадрен процесор кој работи на 2,1 GHz, а тоа би можело да значи имплементација на моделот на „Qualcomm – Snapdragon 810“.

linshof2

Останатите карактеристики говорат за 3 GB RAM и 80 GB интерна меморија, камера од 13 мегапиксели на задната страна со сензор „Sony CMOS“, предна камера од 5 мегапиксели, како и батерија од 3100mAh. Tелефонот исто така ќе биде опремен со „GPS“, „Bluetooth v4.0“, компас, „HDMI 1.4“ со „3D“ поддршка, „USB“ порт, „NFC“ и „WiFi/ LTE“ (4G).

Во соопштението се говори дека телефонот ќе биде во продажба во првиот квартал од наредната година по цена од 380 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП