19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНеограничена комуникација без месечна претплата и без рати до пролет

Неограничена комуникација без месечна претплата и без рати до пролет

viponmor

Од денес, Вип ја започнува сезоната на Новогодишни изненадувања за своите корисници. Корисниците кои од денес па до 31 јануари 2015 ќе склучат нов или ќе го  обноват својот постпејд претплатнички договор на 24 месеци, ќе може максимално да уживаат во новогодишните празници бидејќи сега, со Вип Постпејд, нема да плаќаат ниту месечни претплати ниту пак рати за посакуваниот паметен телефон се до април 2015-та год.

При тоа корисниците ги добиваат сите предности што им ги нуди избраниот тарифен модел а можат да одберат било која од стандрадните постпејд тарифи или пак промотивниот Vip 666 тарифен модел  со кој добиваат неограничен минути и СМС пораки кон сите мрежи и 6GB интернет сообракај.

-И овие празници, Вип им ги разубавува на своите корисници. Ние ги слушаме потребите на корисниците и им излегуваме во пресрет во текот на новогодишните празници кога трошиме повеќе. Затоа, сакаме да им понудиме посебен подарок оваа година и да ги растовариме од трошоците за мобилни услуги или за нови паметни телефони, овозможувајќи им бесплатни претплати и одложено плаќање на ратите до пролет. Се разбира на корисниците ќе им понудиме и паметни телефони за 0 денари. Кога зборуваме за “бесплатно” , навистина го мислиме тоа – корисниците ќе добиваат сметки од 0 денари освен ако користат роаминг, услуги со додадена вредност, паркинг или слично. Со ова, сакаме да им овозможиме на корисниците да можат да им подарат навистина убави нешта на своите најблиски. И со нашето ветување “Повеќе за вас” навистина докажуваме дека целосно се грижиме за нашите корисници, изјави Гернот Раш, Главен маркетинг директор на Вип.

Корисниците кои ќе ја одберат понудата „Без месечна претплата до пролет“, добиваат одлична можност да го купати телефонот што го сакаатна 24 рати преку потрошувачки кредит со 0% камата, обезбеден во соработка со NLB Тутунска банка, со одложено плаќање до 1 април 2015г. Бизнис корисниците, со Новогодишната понуда на Вип, освен што ќе добијат бесплатни претплати до крајот на март 2015 година,  добиваат идополнителни бизнис бенефиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП