19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Индија се основа „женска банка“

Во Индија се основа „женска банка“

india1

Во Индија ќе биде основана банка за жени како дел од напорите за намалување на нерамноправноста меѓу половите. Индискиот министер за финансии изјави дека ќе одвои 186 милиони долари наменети за основање на нова банка, која ќе се фокусира на кредитирање исклучиво на жени но и во која ќе работат само жени.

„Очекувам дека до крајот на 2013 година ќе успееме да си собереме сите банкарски лиценци и ги повикуваме сите угледни членови на свеченото отварање“, изјавил министерот додека во индискиот парламент се презентирале буџетите за 2013 и 2014 година.

“Женски банки” постојат и во други земји, во соседниот Пакистан е отворена во 1989 и во Танзанија каде што ваквата банка започна со работа во 2009 година.

Министерот за финансии потенцирал дека оваа банка се отвара бидејќи во неколку наврати индиската влада не успеала да ги заштити жените.

Министерот за финасии најави создавање на фонд вреден 10 милијарди рупии (185 милиони долари) за обезбедување на заштита на жените, во средина на критиките дека владата не успева да ги заштити жените во таа земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП