18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКрај за MINI Coupe и Roadster?

Крај за MINI Coupe и Roadster?

roadster  coupe

Производството на првата генерација на моделите „MINI Coupe“ и „Roadster“ ќе заврши во 2015-та година, најави овој производител на автомобили, а засега нема официјална потврда за евентуалните наследници.

Со лансирањето на хечбекот со 5 врати, „MINI“ ја зголеми гамата на 8 модели. Така големиот број на релативно слични возила може да ги збуни потенцијалните купувачи, кои се потешко ги разликуваат моделите еден од друг.

Со оглед дека сите „MINI“ немаат подеднакво значење за работењето на компанијата, производителот веќе најави дека ќе ја разгледа рентабилноста и оддржливоста на некои модели.

Еден од менаџерите, Патрик МекКин, изјави дека пазарниот циклус на првата генерација на моделите „Coupe“ и „Roadster“ ќе заврши во 2015-та, што ги подгреа шпекулациите дека компанијата би можела во целост да се откаже од овие два автомобили.

МекКин не ги потврди, но ниту ги демантираше шпекулациите дека „Coupe“ и „Roadster“ нема да ја дочекаат втората генерација.

Сепак, се проценува дека иднината на два модели е неизвесна, особено ако се има во предвиде дека уште еден спорен модел, „Clubman“, сепак ќе добие свој наследник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП