18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтевенс повторно ќе го спасува Штутгарт

Стевенс повторно ќе го спасува Штутгарт

stevens222

Само ден по повлекувањето на Армин Фее, Штутгарт веќе ангажираше нов стратег, а тоа е нивниот поранешен тренер Хуб Стевенс.

Минатата сезона Холанѓанецот го спаси клубот од испаѓање, но балансот не му беше импресивен – 11 поени од 10 натпревари. Тогаш договорот му истече и не беше обновен.

Сега сепак Стевенс повторно се враќа во Штутгарт и ќе води го тимот уште во петок при гостувањето во Фрајбург.

„Ни треба некој да има искуство во такви ситуации и кој може да продолжи со подобрувањето на играта. Составот има потенцијал, треба да ги мобилизираме сите сили“, изјави претседателот на клубот Бернд Валер.

Фее беше на чело на Штутгарт едвај 145 дена, а во моментов тимот е последен на табелата со само 9 поени од 12 натпревари, а во последните 3 натпревари загуби на три пати, без да постигне гол.

За 60-годишниот специјалист ова ќе биде втор престој на чело на Штутгарт. Тој го водеше тимот на крајот на минатата сезона, откако го презеде тимот на 9-ти март и поднесе оставка на 10-ти мај.

Хуб Стевенс е многу познато име во германскиот фудбал, а тој бил на чело и на Шалке 04, Херта, Келн и Хамбургер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП