28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзвозниците на обука за одбележување на храната

Извозниците на обука за одбележување на храната

deklaracijalkfroiugt-hrana

Во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство денеска и утре во Струмица се одржува работилница на која извозниците на храна од овој регион ќе се запознаат со новата европска регулатива за одбележување на храната.

Според Ана Рачиќ од Агенцијата, во означувањето на храната согласно европската регулатива има низа промени кои ќе се имплементираат и во нашето законодавство.

Означувањето на производите отсега ќе мора да биде видливо, читко. На декларациите ќе треба да има јасно испишани информации за алергените, со големи букви во различна боја, а не да се читаат како досега, со лупа. Нашите извозници се добро запознаени со овие новини и на овие работилници заедно утврдуваме и појаснуваме некои постојни дилеми ,изјави Рачиќ.

Како што информира, во наредниот период, покрај неопходното законското усогласување, ќе биде изготвен и правилник во кој поконкретно ќе бидат регулирани измените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП